• недела, 22 декември 2024

Ранети тројца чувари за време на бегство на затвореник од затвор во државата Ајдахо

Ранети тројца чувари за време на бегство на затвореник од затвор во државата Ајдахо

Бојс, 21 март 2024 (МИА) - Тројца членови на затворскиот персонал биле застрелани во заседа додека еден затвореник се враќал во затворот од медицинскиот центар во Боис, Ајдахо, соопштија денеска официјални лица.

Се верува дека затвореникот и стрелецот заедно избегале, а полицијата трага по нив од средата, кога се случи инцидентот. Службениците од поправниот Оддел во Ајдахо го транспортирале затвореникот Скајлар Мид во Регионалниот медицински центар Сент Алфонсус во вторникот вечерта, според соопштението од градот Бојс.

Додека полициските сили се подготвувале да се вратат со Мид во 2:15 часот по локално време, непознат осомничен потоа пукал кон полицајците, погодувајќи двајца од нив, јави Си-Ен-Ен. Третото лице, за кое подоцна е утврдено дека е службеник на поправниот Оддел, по грешка било застрелано од полицајците на Бојс.

Детективите на полицијата во Бојс во средата попладне го идентификуваа осомничениот за пукањето како Николас Амфенур.

„Веруваме дека ова беше координиран напад или заседа за да се извади (Мид) од притвор“, рече началникот на полицијата во Бојс, Рон Вајнгар, додавајќи дека добиле десетици траги за случајот.

Прелиминарната истрага покажува дека Мид и осомничениот за пукањето влегле во сива лимузина со четири врати и побегнале од областа непосредно пред да пристигнат полицајците на Бојс на местото на настанот, се наведува во соопштението.

Мид е во затвор од октомври 2016 година за тепање полицаец со огнено оружје, а неговата казна требаше да заврши во 2036 година, се додава во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан