• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Чиста дезинформација се тврдењата за поврзаноста на Ндрангета со лица во Албанија

Рама: Чиста дезинформација се тврдењата за поврзаноста на Ндрангета со лица во Албанија
Тирана, 26 јануари 2021 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска првпат јавно реагираше по објавувањето на прислушувани разговори, во кои, како што се наведува, се вклучени претприемачи, европратеници, но и албански политичари кои имаат врски со италијанската мафија Ндрангета, со седиште во покраината Калабрија. Во прислушуваните разговори, како што пренесуваат албанските медуми, членови на Ндрагета се обидуваат да најдат врски во Албанија, давале високи проценти поткуп од добиени тендери и переле пари. Според Рама, италијанската правда веќе ја донела својата одлука и оти да „беше нешто реално во овие прислушувања, немаше да се донесе без да се разбере“. Рама понатаму изнесе обвинувања велејќи дека прислушуваните разговори  се користат на срамен начин и се фрла кал врз албанската Влада. - Нема да кажам дека правдата треба да зборува, бидејќи во овој случај јасно проговори италијанската истражна група и донесе заклучок. Ова што се прави овде е невиден срам, со неосновани обвинувања и идиотизам. Според италијанското обвинителство, како заклучок, во пракса, го цитирам обвинителството: По повеќе од една година патувања и разговори за инвестиции во Албанија, тие тотално не успеаја. Единствената инвестиција е мала продавница која имаше конфликти меѓу партнерите во 2018 година. Инвеститорот во Албанија, според истрагата продал стока вредна пет милиони леки и прокнижл загуба од 400.000 леки. Во 2019 година, 1,8 милиони загуба. Ова е цитат од заклучокот на истрагата, изјави Рама. Тој ги обвини и медиумите дека „овој срам им послужил како храна“ а е пласиран од опозицијата. - Нема факти и докази. Тука се крева чад, кој е одвратен. Немам што да кажам за тоа. Ова за мене е спектакуларен доказ за пропаднатата опозиција. Не можам да го замислам како нормално нешто. Будалаштина и подлост. Уште еднаш велам тоа е срам, но нека го носат тие што го измислија, со надеж дека ќе добијат политички поени. Срамно, рече Рама. Тој додаде дека прислушуваниот европратеник е пријател на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, но според него, никогаш „не може да се каже дека Баша им помагал на мафијашите“. Рама се осврна и на спомнувањето на претседателот Илир Мета во овие прислушувани разговори, додавајќи дека истиот став го има и за него. Рама понатаму наведе дека ова е одвратно откако италијанското обвинителство ја затворило истрагата. вт/ми/

Остани поврзан