• четврток, 21 ноември 2024

Рама: Секоја алтернатива надвор од француско-германскиот план е игра со оган

Рама: Секоја алтернатива надвор од француско-германскиот план е игра со оган

Тирана, 13 септември 2023 (МИА) – Пред утрешната средба Вучиќ-Курти во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама оцени дека „секоја друга алтернатива, освен итно, сеопфатно спроведување на договорот за француско-германскиот план на патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, е игра со оган, јави Гласот на Америка, пренесува Ора њуз.

Рама вели дека „прв ќе изгори кој и да игра, а уште полошо, на крајот ќе изгори целиот регион, но и самата Европа нема да се спаси без да биде изгорена“. Притоа тој изрази надеж дека следната средба „нема да биде уште еден празен круг, за уште едно повторување на песната 'другиот е виновен'“.

- Албанскиот премиер секогаш ја следеше линијата на САД и ЕУ со отворени критики кон позициите на косовските власти, така што во јуни ја откажа заедничката средба меѓу двете влади, што доведе до заладување на односите со премиерот на Косово, Албин Курти. И сега Рама вели дека е во согласност со меѓународните партнери „за потребата од ригорозно спроведување на сето она на што се обврзала државата Косово“. Владите доаѓаат и си одат, но сериозните држави не доаѓаат и не заминуваат во исполнување на своите меѓународни обврски, наведува истиот извор.

Сепак, Рама појаснува дека неговите позиции не значат дека: „Албанија го гледа Косово како единствено одговорно за доведување на дијалогот во ќорсокак“.

- Секако, не. Косово направи значаен чекор во долгоочекуваниот правец, прифаќајќи го француско-германскиот план без повикување на меѓусебно признавање и исто така прифаќајќи го предлогот за самоуправување на српската заедница. За овој чекор на Албин Курти веднаш му аплаудирав јавно, не само лично. Сега е време Србија да излезе од апсурдниот ров на негирање на реалноста и да дејствува со добра волја, овозможувајќи имплементација што ги исполнува потребите на двете страни во рамките на француско-германскиот план, вели Рама.

Тој додаде дека „се сомнева дека стратегијата на Белград е да го одложи процесот и колку што е можно повеќе да има корист од самоуништувачките тактики на Приштина, кои континуирано помагаат во виктимизацијата на Србија на меѓународната сцена“. вт/паг/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан