• петок, 22 ноември 2024

Рама: САД ќе отворат база за специјални операции во Албанија

Рама: САД ќе отворат база за специјални операции во Албанија
Тирана, 6 јануари 2022 (МИА) - Американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија на ротирачка основа, соопшти денеска албанскиот премиер Еди Рама. SOCEUR, чие седиште е во Штутгарт, Германија, на својата веб-страница соопшти дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, важен пристап до транспортните јазли на Балканот и поголема логистичка флексибилност. -Ова е фантастична вест... тоа е одраз на многу високиот кредибилитет и многу блиската соработка, рече Рама во видео пораката во која ја прочита изјавата на SOCEUR. Албанија е членка на НАТО од 2009 година. Специјалните сили, високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, често се користат во антитерористички или извидувачки операции и можат да се инфилтрираат во непријателските линии. Сè уште не е јасно каква ќе биде улогата на овие американски сили во Албанија. САД веќе имаат 600 војници стационирани во Косово со цел да се одржи кревкиот мир на повеќе од две децении по војната во оваа земја. сд/

Остани поврзан