• сабота, 23 ноември 2024

Рама: Путин ја разбуди ЕУ, унгарското претседателство со Советот на Европа многу силно ги турка нештата за членство

Рама: Путин ја разбуди ЕУ, унгарското претседателство со Советот на Европа многу силно ги турка нештата за членство

Тирана, 7 ноември 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама  изјави дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти значително напредувала во оваа насока благодарение на поддршката на унгарското претседателство.

На заедничката прес-конференција со унгарскиот колега Виктор Орбан, Рама истакнал дека Албанија направила значајни чекори напред во преговорите за членство и дека верува оти земјата во оваа деценија може да стане дел од Европската унија заедно со другите земји од регионот. 

-Албанија дефинитивно и припаѓа на Европа.  Овој пат имаше силен притисок од унгарското претседателство, што придонесло за забрзување на процесот на интеграција, изјавил Рама.

Во однос на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, Рама ја истакнал важноста од зајакнување на односите со Европската унија и блиската соработка меѓу земјите од регионот.

Нагласил дека Западен Балкан мора да биде обединет со ЕУ и да стане непопустлив на надворешни малигни влијанија.

-До пред многу години разговорот со ЕУ беше незамислив, денес успеавме да направиме големи чекори напред, додал тој.

 Еден од главните фактори кои влијаеле на овој напредок, според Рама, е забрзувањето на европските политики за соочување со надворешните закани, особено влијанието на Русија. 

-Една од причините што ја зголеми итноста за оваа соработка е Владимир Путин, кој ја разбуди ЕУ,  нагласил Рама, кој учествуваше на Самитот Европската политичка заедница во Будимпешта.

Следниот самит како што најави ќе се одржи во Тирана, во првата половина од идната година. вт/

Фото: Рама ФБ

Остани поврзан