• понеделник, 23 декември 2024

Рама отпатува за Берлин на средба со Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија

Рама отпатува за Берлин на средба со Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија
Тирана, 26 јануари 2020 (МИА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, попладнево отпатува за Берлин каде утре ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија. Тема на средбата е програмата за обнова по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во пресрет на донаторската конференција што ќе се одржи на 17-ти февруари во Брисел, под раководство на претседателката на ЕК, Урсула ван дер Лејен. Тема на дискусија на средбата Рама-Меркел, ќе биде ротирачкото претседателство на Албанија со ОБСЕ, билатералните односи, ситуацијата во регионот и европската перспектива на западен Балкан. -Кон крајот на 2019 германскиот Бундестаг бараше албанската политика да „произведува“ вистински производи во однос на изборните реформи, функционалност на Уставниот суд и решавањето на политичката криза,наведува телевизија Ора њуз. Постета на Берлин на Рама е во рамки на неговата турнеја низ европските метрополи во подготовките за донаторската конференција, што ја почна со престојот во Италија. Таму тој се сретна со неговот италијански колега Џузепе Конте и шефот на дипломатјата Луиџи Ди Мајо,од кои,како што изјави добил подршка како за донатоската конференција така за евроинтеграциите. -Конечната пресметка за штата од земјотрсот допрва треба да се дозне, но податоците досега ни даваат бројка од околу милијарда евра. Ќе дадеме се од себе донаторската конференција да биде успешна иако е јасно е дека нема да биде доволно да ги подмирме потребите во целост, но по конференцијата ќе продолжиме со други храбри екори, како и со комбинирање на шеми за финансирање на обновата,рече Рама. Во меѓувреме, Светска банка е подготвена да донесе брза исплата на два заеми во вредност 100 милиони американски долари кои ќе се користат според приоритетите на владата. Деновиве телевизија Клан,повикувајќи се извори од Министертвото за финансии и економија, јави дека албанската Влада поради земјотресот во мај ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 560 милиони евра.вт/

Остани поврзан