• среда, 18 декември 2024

Рама во расправија со рускиот амбасадор во ОН за говорот на Зеленски

Рама во расправија со рускиот амбасадор во ОН за говорот на Зеленски

Њујорк, 20 септември 2023 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја денеска претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната во Украина, се скара со рускиот амбасадор зошто прв зборувал украинскиот претседател.

Рама прво објасни дека темата е војната во Украина и оти тоа е причината, дека е така според правилата.

- Сакаме да ве прашаме – врз основа на што решивте да му дадете збор на претседателот на Украина Володимир Зеленски пред да зборуваат членовите на Советот за безбедност, од кои многумина се претставени овде на ниво на претседател и премиер?, праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.

- Морам да кажам, кога целата оваа лекција за кршење на правилата во оваа зграда доаѓа од вас, тоа навистина е импресивно. Но бидејќи неколку пати повторивте дека прекршувањето е тоа што претседателот Зеленски зборува пред да зборуваат членовите на Советот, имам решение за тоа, ако се согласувате. Вие запрете ја војната и претседателот Зеленски нема да зборува. Она што него го направи овде важен и зошто е важно прво него да го слушнеме па потоа да разговараме, за тоа сте заслужни вие, а не ние, му одговори Еди Рама. јт/

Фото: СБ на ОН

Остани поврзан