• петок, 22 ноември 2024

Ракометар на Вардар позитивен на коронавирус

Ракометар на Вардар позитивен на коронавирус
Скопје, 12 октомври 2020 (МИА) - Вардар 1961 денес направи дополнително тестирање за коронавирус на сите ракометари и стручниот штаб и сите имаат негативен резултат, објави македонскиот шампион на клупската веб-страница. - Тестирањето е направено откако еден играч имаше зголемена температура пред неколку дена. Освен зголемена телесна температура, играчот немал други симптоми и во моментов се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен. Членот на клубот од моментот кога имал зголемена температура и истата била констатирана од страна на лекарскиот тим пред влегувањето во салата веднаш бил вратен дома и е ставен во домашна изолација додека да ги добие резултатите. Немал дополнителни контакти со другите ракометари од тимот. Другите ракометари пропуштија само еден тренинг со оглед на празниците и слободните денови, а по добивањето на резултатите кои се негативни, екипата ќе продолжи со редовните тренинзи и ќе се подготвува за следниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите со Флензбург во четврток во Скопје, информираат „црвено-црните“. Вардар 1961 пред самиот меч со Флензбург закажан за 15 октомври, повторно ќе има тестирање на сите играчи со цел да се запази правилото да се тестираат играчите непосредно пред секој натпревар. зс/

Остани поврзан