Разрешен директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром
- За вршител на должноста директор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска е назначена Магдалена Петревска, а престанува мандатот на досегашниот директор Перо Арсеновски,
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - За вршител на должноста директор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска е назначена Магдалена Петревска, а престанува мандатот на досегашниот директор Перо Арсеновски, соопшти Општина Аеродром.
Иако тој бил повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски, како што информира Општината, „од етички и морални причини одби да го именува на таа функција, со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“.
- За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивниот правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар, соопшти Општина Аеродром. хс/дма/