• понеделник, 23 декември 2024

Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики

Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики
Атина, 15 јули 2022 (МИА) – Со уцени и закани 39-годишен Грк и неговите соработници принудувале странски државјани да работат за него и да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, без при тоа да постои дозвола од надлежен орган, а  со оружје и физичко насилство се справувале со конкуренцијата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција разби криминална група во која освен 39-годишниот, учествувале уште 12 други лица, сите грчки државјани на возраст од 17 до 52 години, а се товарат за изнуди, трговија со луѓе и прекршување на неколку закони. Како што соопштија од грчката полиција, криминалната група за да биде единствена која продаваат на преполните плажи, користеле методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите. ср/

Остани поврзан