• понеделник, 23 декември 2024

Радман за проширувањето кон Западен Балкан: Ќе поддржиме тоа што е реално

Радман за проширувањето кон Западен Балкан: Ќе поддржиме тоа што е реално
Виена, 2 јануари 2020 (МИА) - Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман изјави дека се големи очекувањата од Самитот на Европска Унија во Загреб во мај, на кој главна тема ќе биде проширувањето со земјите од Западен Балкан, но оти истите мора да бидат усогласени со степенот на реформи што сакаат да ги постигнат земјите. - Треба да се управува со очекувањата, а од друга страна ние ќе го поддржиме тоа што е реално и можно. Процесот на влез во ЕУ не е од денес за утре и ние работевме силно и тешко на исполнувањето на сите критериуми и мерила, посочи Радман за Н1 Загреб. Тој нагласи дека Хрватска, која од вчера претседава со ЕУ, ќе се залага и за соседството. ми/

Остани поврзан