• недела, 22 декември 2024

Радев ја именува Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за в.д. премиер

Радев ја именува Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за в.д. премиер

Софија, 9 август 2024 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев ја именуваше заменик-претседателката на Ревизорската комора Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за вршител на должноста премиер, соопштија од прес-службата на претседателот, јави БТА.

Шефот на државата претпладнево ќе ја прими кандидатката за привремен премиер, за да ја задолжи да формира привремена влада.

Актуелниот премиер Димитар Главчев претходно денеска ја повлече искажаната подготвеност да ја прифати функцијата по вторпат за да се намали политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница.

И други лица покрај Главчев изразија подготвеност да ја преземат функцијата привремен премиер, најави синоќа шефот на државата Румен Радев на консултациите со политичките формации застапени во Собранието за состав на привремен кабинет.

Според чл. 99 од Уставот на Бугарија, откако не е постигнат договор за влада, претседателот по консултации со пратеничките групи и на предлог на кандидатот за привремен премиер, именува привремена влада и закажува нови избори во рок од два месеца. паг/

Фото: БТА

Остани поврзан