Радев за среда ја свика првата седница на новото 49-то Народно собрание на Бугарија
- Во 49. Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници. Партијата „Препород“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36 мандати, додека „БСП за Бугарија“ ќе иам 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ - 11.
Софија, 10 април 2023 (МИА) – Бугарскиот претседател, Румен Радев, за во среда на 12 април во 10 часот ја свика првата седница на новото 49-то Народно собрание, соопшти прес-службата на претседателот.
Радев денеска го потпиша указот за свикување на инугуративната седница, врз основа на чл. 75 од бугарскиот Устав.
Во 49. Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници. Партијата „Препород“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36 мандати, додека „БСП за Бугарија“ ќе иам 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ - 11. сд/