• недела, 22 декември 2024

Радев за време на ифтар побара да се осуди војната во Украина

Радев за време на ифтар побара да се осуди војната во Украина
Софија, 3 април 2022 (МИА) - По повод почетокот на светиот муслимански месец Рамазан претседателот на Бугарија Румен Радев приреди свечена вечера ифтар, јави дописникот на МИА од Софија. Радев истакна дека ифтар го симболизира доброто разбирање меѓу верските заедници во Бугарија. Тој додаде дека да се биде домаќин на ифтар е израз на почит кон традициите на муслиманите во Бугарија. На ифтар присуствуваат претставници на сите официјални религии во Бугарија, странски дипломати и претставници на јавноста. Радев ги повика учесниците на свечената вечера заедно да ја осудат агресијата и војната во Украина. Главниот муфтија на муслиманите во Бугарија, Мустафа Хаџи исто така упати апел за итен прекин на војната во Украина. - Вистинската победа не се добива со агресија и уништување, туку со мир и разбирање, рече Хаџи. Хаџи истакна дека за време на Рамазан да не се забораваат сиромашните. нк/ми/

Остани поврзан