• недела, 22 декември 2024

Радев: Војната на патиштата покажува дека цела генерација израснала без развиен систем за масовно спортување

Радев: Војната на патиштата покажува дека цела генерација израснала без развиен систем за масовно спортување

Софија, 8 октомври 2022 - „Оваа војна на патиштата, со пијани и дрогирани возачи, покажува дека цела генерација во државата израсна без развиен систем за масовен спорт, за еколошки начин на живот, за патриотско воспитување. Сега ги добиваме резултатите од тоа“, изјави претседателот Румен Радев во Јамбол. Шефот на државата ја отвори иницијативата „Спортувај со претседателот“ и првиот утрински турнир во гимнастика во градот.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   

Според него, потребна е интеракција меѓу државата, локалните власти и системите на образование и спорт за да се инвестира во најважното - здравјето на нашите деца. „На Бугарија и треба иднина, а оваа иднина можат да ја коваат само физички и психички стабилни млади луѓе. Млади луѓе со патриотско образование кои можат да ги надминат сите предизвици на иднината“, рече Румен Радев, по доделувањето на наградите на учесниците на спортските манифестации. Како многу позитивен го оцени примерот на општина Јамбол и идејата на заменик градоначалникот Енчо Керјазов.

Двата спортски настани се одржаа во тревното празно корито на реката Тунџа во градот, кое локалната самоуправа има идеја да го претвори во линеарен парк. Учествуваа повеќе од 500 ученици од регионите Јамбол, Сливен, Бургас и Стара Загора. Настапот на децата го оценија тројца заслужни спортски мајстори - Нешка Робева, Милена Турничкова и Маргарита Молова.

Пред две години, заменик-градоначалникот на Јамбол, Енчо Керјазов, и локалната администрација започнаа кампања за враќање на 10-минутните физички вежби во училиштата пред училишните часови. Со помош на Националната спортска академија „Васил Левски“ денеска беше организиран првиот утрински турнир во гимнастика.

Средувањето на празното корито на реката во Јамбол започна на крајот на 2019 година. Отстранети се над 200 тони отпад, по отстранувањето на триметарската вегетација. Во моментов засадена е трева на дел од коритото во должина од три километри. Идејата на локалната самоуправа е да го претвори во линеарен парк.

БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан