• петок, 05 декември 2025

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Софија, 11 мај 2025 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Во денешна објава на Фејсбук, тој нагласи дека пратениците треба да ги исполнат обврските не само кон еврозоната, туку и кон демократијата и бугарскиот народ. Радев го критикуваше отфрлањето на неговиот предлог за референдум со прашањето: „Дали сте согласни еврото да се воведе од 1 јануари 2026 година?“, наместо да се усвои парламентарна декларација за датумот.

Во петокот, Радев најави дека ќе поднесе предлог за национален референдум, што наиде на остра реакција од ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС-Ново начало, но беше поддржано од партиите „Преродба“, „Величина“, ИТН и МЕЧ. Вчера, тој појасни дека не е против еврото, туку против предложениот датум, со цел граѓаните да бидат подобро подготвени. ссм/

фото: принткскрин

 

Остани поврзан