Раб: Се уште има Бртитанци во Авганистан
- Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, потврди дека стотици британски државјани останале во Авганистан, откако последниот авион за евакуација го напушти Кабул
Кабул, 31 август 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, потврди дека стотици британски државјани останале во Авганистан, откако последниот авион за евакуација го напушти Кабул.
Раб за Би-Би-Си изјави дека бројот на тие што останале е од 100 до 200 и дека станува збор за „посложени случаи“, како што се големи семејни групи или оние без документација, и дека има и други кои се надеваат дека ќе дојдат во Велика Британија поради соработка со британската Влада или поради постоечкиот миграциски план.
Раб нагласи дека Владата се уште се надева на евакуација на сите оние кои ги исполнуваат условите и дека е во контакт со трети земји, кои би можеле да послужат како транзитна рута кон Велика Британија.
Тој додаде дека ќе инсистира талибанците да го исполнат ветувањето за безбеден премин за сите кои сакаат да ја напуштат државата. ми/