• понеделник, 23 декември 2024

Раб: Русија има должност да објасни како е отруен Навални

Раб: Русија има должност да објасни како е отруен Навални
Лондон, 6 септември 2020 (МИА) - Русија има должност да објасни како е отруен критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, со нервниот отров новичок, изјави денеска министерот за надворешни работи на Битанија, Доминик Раб. - Јасно е дека руската Влада мора да даде одговори на многу сериозни прашања, изјави Раб за Скај њуз. Шефот на британската дипломатија посочи дека руската Влада е должна да обезбеди да не се користи хемиско оружје на територијата на Русија, без оглед дали некој од државните структури учествувал во труењето на Навални или не. паг/  

Тагови

Остани поврзан