• петок, 22 ноември 2024

Раб: Лондон гледа простор за дијалог со талибанците

Раб: Лондон гледа простор за дијалог со талибанците
Дубаи, 2 септември 2021 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Доминк Раб денеска изјави дека Лондон нема набрзо да ја признае талибанската влада, но оти „постои значителен простор“ за дијалог со новите власти на Авганистан. Тој на заедничката прес-конференција во Доха со катарскиот колега Мохамад бин Абдулрахман ал Тани истакна дека го поддржува „ангажманот’ со талибанците со цел да се тестираат нивните бројни ветувања, како на пример заштита на слободата за патување на Авганистанците и странците, формирање инклузивна влада и спречување на мешународните терористички групи да ја користат земјата како база. - Во сите тие области ќе судиме според тоа што ќе го прават, а не само според тоа што го зборуваат, посочи Раб. Додека ал Тани истакна дека Катар соработува со талибанците „на идентификација на недостатоците и ризиците за повторно отворање на аеродромот“, што е затворен од 16 август кога талибанците ја преззедоа контролата врз Кабул. Тој исто така ги повика талибанците да го исполнат ветувањето да им овозможат на Авганистанците и странците слободно да ја напуштат земјата, кога повторно ќе биде отворен аеродромот во Кабул. ми/

Остани поврзан