• понеделник, 23 декември 2024

Раб: Апсењето на новинарите во Белорусија е обид за мешање во објективното известување

Раб: Апсењето на новинарите во Белорусија е обид за мешање во објективното известување
Лондон, 29 август 2020 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го осуди масовниот притвор на повеќе од 50 новинари во Белорусија, вклучувајќи и британски новинар на Би-Би-Си и други членови на локалните и меѓународните медиуми. „Ова е несомнен обид за мешање во објективното и искрено известување“, напиша Раб на Твитер. Тој додаде дека властите во Белорусија мора да престанат да ги напаѓаат новинарите и порача дека треба да се брани слободата на медиумите. Како што пренесуваат странските агенции, на новинарите, кои известувале од протестот во Минск, им се одземени телефоните и личните документи. паг/

Остани поврзан