• понеделник, 04 ноември 2024

Работнички се засили со фудбалер од Јамајка

Работнички се засили со фудбалер од Јамајка

 

Скопје, 14 август 2024 (МИА) – Македонскиот прволигаш Работнички денеска го промовираше фудбалерот од Јамајка Роберт Мичел за свое ново засилување.

Станува збор за 22-годишен фудбалер кој игра на позицијат лево крило, а доаѓа во редовите на Работнички од Вотерхаус, член на Првата фудбалска лига на Јамајка.

За Мичел ова ќе биде прво интернационално искуство во кариерата.

Работнички ја стартуваше новата сезона во ПМФЛ со триумф во неделата на домашен терен над Силекс од 1-0. ег ФОТО: ФК Работнички/Фејсбук

Остани поврзан