• петок, 05 декември 2025

Работнички елиминиран во Конференциската лига

Работнички елиминиран во Конференциската лига

 

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) – Фудбалерите на Работнички го завршија настапот во Лигата на конференции,м откако вечерва во Скопје претрпеа пораз од белоруски Торпедо – Белаз со 1-0 и со вкупен резултат од 4-0 се елиминирани во 1. Квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Единствениот гол на натпреварот гостите од Белорусија го постигнаа во 18 минута преку Стефен Алфред.

Во првиот натпревар одигран минатата недела на гостински терен Работнички претрпе пораз од 3-0

За Работнички ова беше прв настап на европската клупска сцена по пауза од седум години.ег

ФОТО; ФБ

Остани поврзан