• среда, 03 јули 2024

Работнички го освои третото место во кошаркарската лига

Работнички го освои третото место во кошаркарската лига

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Кошаркарите на Работнички вечерва остварија победа против ТФТ Моцарт со 96:68. 

Центарци на тој начин ја запишаа втората победа во борбата за третото место и обезбедија место во регионалната АБА-2 лига.

Тимот од Тафталиџе парираше само во првите минути, но потоа Работнички ја презеде играта во свои раце и на крај заслужено дојде до победата.

Ѓуроски реализираше 22 поени, Трајс и Шошкиќ по 13, а Ефремовски имаше уште 12 поени кај победникот, додека кај противникот Верц заврши со 14 поени, Хаутон имаше двоен ефект од 13 поени и 11 скокови, додека Калхун и Ташовски додадоа по 12 поени.

Третиот натпревар од серијата за третото место ќе се игра на 25 мај. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан