• понеделник, 25 ноември 2024

Работници недостасуваат во градежништвото, угостителството и производство покажуваат податоците на Агенцијата за вработување

Работници недостасуваат во градежништвото, угостителството и производство покажуваат податоците на Агенцијата за вработување

Штип, 5 октомври 2024 (МИА) - Дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството, истакна на денешната „Текстилијада 8“, директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова. Таа вели дека  ова впрочем се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите. Но, наместо македонски државјани да се вработуваат, заради се поспецифичните барања на работодавачите се вработуваат и работнци од странство кои ги исполнуваат условите. Пешова додава дека преку разни мерки се трудат да ги задржат младите дома да работат, но и оние кои учеле во странство да се вратат во државата.

-Најголем профил кој го бараат стопанствениците се од областа на градежништвото, угостителството и производството. Тие се дефицитарен кадар во моментов на пазарот на труд, но секако Агенцијата за вработување и понатаму ќе се труди да преземе мерки за нивно вработување. Дефицитарниот кадар во моментов дури е и причина и специфичните барања кои ги имаат работодавачите, се причина доколку не најдат соодветна работна сила да вработуваат странски државјани, вели Пешова.

Таа посочува дека изборот за пополнување на работни места е на работодавачите, а  улогата на Агенцијата за вработување е да го испита пазарот на трудот и исполнетоста на квотата за вработување на старнски државјани.

-Честопати работодавачите имаат специфични барања кои ги нема расположливиот кадар кој е на евиденција на агенцијата за вработување. Бараат разни сертификати и тие се главна причина за да се одлучат да го поплнат работното место со странски државјанин. Одлуката е на самиот работодавач, изјави Пешова.

 Досега се издадени 5.000 позитивни мислења од страна на Агенцијата за вработување за странски државјани, а годишната квота е 20.000. вдј/дма/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан