• петок, 22 ноември 2024

Работна средба на министерот Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан

Работна средба на министерот Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан. На средбата беше потврдена одличната соработка, а акцентот беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на УНДП се спроведуваат во МВР, соопштија од Министерството.

Притоа биле потенцирани придобивките од продолжување на заедничката соработка во борбата против недозволено поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало и лесно оружје, компјутерскиот криминал, зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје, како и можноста за соработка и во областа на управувањето со кризните ситуации со цел зајакнување на безбедноста на државата, како и реализација на нови проекти.

Двајцата соговорници го потенцирале значењето на целокупната поддршка што УНДП ја дава на Министерството за внатрешни работи, како и подготвеноста за понатамошно интензивирање и продлабочување на соработката. сст/aa/

Фото: МВР

 

 


 
 

Остани поврзан