• сабота, 23 ноември 2024

Работна средба на директорот на БЈБ Тасевски со аташето на Федералнотo истражно биро Холанд

Работна средба на директорот на БЈБ Тасевски со аташето на Федералнотo истражно биро Холанд
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со Т.J. Холанд, аташе на американското Федерално истражно биро (ФБИ), на која била истакната досегашната успешна соработка, како и можностите за нејзино унапредување и во иднина. Тасевски, како што информираат од МВР, на средбата го запознал Холанд со моменталната безбедносна состојба и ги претставил актуелните активности на БЈБ, со оглед на фактот што Холанд беше назначен на оваа позиција пред две години, но поради пандемијата со Ковид-19 беше спречен да допатува и физички да ги преземе работните обврски. На средбата, било разговарано на теми од заемен интерес, кои заеднички ги засегаат Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, во насока на борба со организираниот криминал, корупцијата, борбата со тероризмот и други теми од областа на безбедноста. Холанд, се вели во соопштението, ја потврдил заложбата на Федералното истражно биро, преку Канцеларијата на аташето во Софија, за овозможување на поддршка во делот на обука и техничка помош, со цел подигнување на целосниот капацитет на Министерството за внатрешни работи. аа/сп/

Остани поврзан