• сабота, 11 мај 2024

Работната група 4 ја одржа дванаесеттата сесија на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“

Работната група 4  ја одржа дванаесеттата сесија на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“

Скопје, 4 септември 2033 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска беше домаќин на дванаесеттата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“, во организација на Европското движење.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на настанот истакна дека миграцијата не може да се запре, туку само да се обликува. Тој посочи дека денешната тема е особено значајна имајќи ја предвид изложеноста на Република Северна Македонија, заедно со останатите држави на Западен Балкан, на зголемена миграција заради геостратешката местоположба на западнобалканската рута.

- Нашата држава, на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање на одговор во рамките на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и нерегуларни миграции, при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против илегална миграција и трговија со луѓе, рече министерот. 

Тој информираше дека во насока на дефинирање на конкретни активности за зајакнување на соработката во сите сегменти на меѓународната миграција, партнерите од Западен Балкан се обврзале на унифициран, сеопфатен пристап, а Европската комисија претстави нов Акциски План со Западен Балкан за зајакнување на соработката за миграција и управување со границите.

- Овој Акциски план идентификува 20 оперативни мерки структурирани по пет столба. Зајакнувањето на граничното управување е суштински дел од Акцискиот План, како и обезбедувањето брзи процедури за азил, преземањето мерки против криумчарењето мигранти, поттикнувањето на соработката за реадмисија и враќањето и постигнување усогласување на визните политики, потенцираше министерот Спасовски.

Копретседавачот на сесијата, државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, во своето обраќање пред присутните рече дека денеска отвораме тема која е постојано актуелна и меѓу земјите – членки на ЕУ, во европската комисија, меѓутоа и меѓу останатите земји аспиранти за членство во ЕУ, и во таканаречените трети земји.

- Миграциското движење е веќе подолго време еден од главните предизвици во регионот, а како што стојат работите и понатаму ќе остане така. Уште од почетокот на миграциската криза, сите надлежни служби во регионот идентификуваа скоро идентични слабости и недостатоци. Притоа не мислам само на националните системи, туку првенствено на начинот на кој цела Европа, не Европа како ЕУ туку како континент реагираше на оваа појава, рече таа.

Несторовска се осврна на идејата предложена на државно ниво за изработка на една сеопфатна анализа за влијанието на Пактот на управувањето со миграциите во Западен Балкан која ќе ги согледа сите аспекти од имплементацијата на новините што Пактот за миграции и азил, ги носи во регионот, потенцирајќи дека ние како земји од регионот гледаме на Пактот како на една од алатките на кои апелиравме и кои ги очекувавме, со цел да се отстранат одредени слабости и да се подобри управувањето со миграциите.

Амбасадор на Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија, истакна дека мора да ги направиме сите напори за да ги обезбедиме политиките за справувањето со ситуацијата на долг рок

- Важно е да создадеме превентивни политики. Мора да се осигураме дека е овозможемн политичкото, финаниски и технички ефорт, рече тој.

На настанот беа присутни и државната координаторка професор Милева Ѓуровска, претставниците на Делегацијата на Европската Унија, Амбасади, претставници од ОБСЕ, ИЦМПД, МАРРИ, ИОМ и други домашни и меѓународни организации, како и надворешни и домашни експерти на оваа тема и претставници на државни институции. ар/аа/

Фото/МИА

Остани поврзан