• понеделник, 23 декември 2024

Работилница на тема: „Лилјаците во Македонија, нивната заштита и ризиците за нивното исчезнување“

Работилница на тема: „Лилјаците во Македонија, нивната заштита и ризиците за нивното исчезнување“
Скопје, 27 август 2021 (МИА) – По повод 27 Август - Меѓународната ноќ на лилјаците и 2021 како Меѓународна година за заштита на карстот и пештерите денеска ќе се одржи онлајн работилница на тема „Лилјаците во Македонија, нивната заштита и ризиците за нивното исчезнување“. Работилницата ја организираат истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Споменикот на природа „Слатински Извор“ и Македонското еколошко друштво.  Работилницата ќе биде реализирана од страна на Александар Стојанов, предавач од Македонското еколошко друштво. На работилницата, како што најавуваат организаторите, ќе се разговара за лилјаците, нивната заштита и за ризиците кои влијаат на нивното исчезнување. свс/бак/

Остани поврзан