• сабота, 23 ноември 2024

Работилница „Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“ 

Работилница „Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“ 

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС и во партнерство со Интерпрет Јуроп (Interpret Europe) вечер од 18:00 часот ќе се одржи онлајн едукативната работилница „Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“.

Како што информираат од ХАЕМУС, работилницата е наменета за сите професионалци од областа на природното и културното наследство, индивидуалци но и претставници на институции, како и организации или неформални иницијативи кои учесниците ги застапуваат. Посочуваат дека учесниците на работилницата ќе откријат што точно означува толкувањето на наследството и какви сѐ можности отвора примената на интерпретациските алатки.  

Работилницата ќе ја води м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, сертифициран интерпретатор и национален координатор на Interpret Europe за Македонија.

-Интерпретацијата е моќна едукативна, комуникациска и визуелна алатка која буквално го оживува наследството пред очите на посетителите. Притоа им овозможува на учесниците да создадат подлабока врска со локалното презентирано наследство, ги инспирира и ги потикнува на одржливост локалните заедници кои се грижат за него и најсетне со интерпретациските алатки и методи се зачувува природното и културното наследството за идните генерации, посочуваат од ХАЕМУС.фф/лв/

Фото: ХАЕМУС


 

Остани поврзан