• вторник, 24 декември 2024

Работилница за подигнување на свеста против семејното насилство

Работилница за подигнување на свеста против семејното насилство
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Подигнување на свеста против семејно насилство’’, кој е поддржан од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), денеска започнува тридневна работилница. Работилница ќе се одржува во хотел „Турист“ и има за цел подигање на свеста против семејно насилство преку процес на едукација и инволвираност на сите чинители. Тридневната работилницата ќе ја води обучувач на темата со долгогодишно искуство Наташа Амдију. Свои презентации ќе имаат и истражувачи односно експерти од Србија и Албанија. свс/сп/

Остани поврзан