• понеделник, 25 ноември 2024

Работилница: Да се зајакнат процедурите за доделување интегрирани еколошки дозволи

Работилница: Да се зајакнат процедурите за доделување интегрирани еколошки дозволи

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Интегрираните еколошки дозволи се клучни за да се осигураме дека секоја индустрија ги почитува стандардите и го намалува загадувањето. Треба да ги зајакнеме процедурите за нивно доделување, за да обезбедиме поголема заштита на животната средина, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, отворајќи ја Работилницата за животна средина и климатска акција организирана во рамки на ИПА-твининг проектот „Натамошно зајакнување ба кашацитеите а ефективно спровеување на законите одс областа на индустриското загадување“.

Како што напомена Меџити, индустријата е важен столб за економски развој, но остава сериозни последици врз животната средина.

-Загадувањето од големите индустриски инсталации влијае на воздухот, водата и почвата. Наша должност е да ги контролираме овие влијанија и да промовираме почисти и поодржливи практики, истакна министерот.

Според него, Директивата на ЕУ за индустриските еммисии и еоколошките дозволи е голем чекор во оваа насока.

Меџити укажа и дека треба да псотои соработка со сите партнери, и дома и во странство, зашто ниту една земја не може сама да се соочи со предизвикот на индустриското загадување.

-Во однос на овој проект, заедно со нашиот партнер од Грција, имаме за цел да го подобриме законодавството и да го намалиме загадувањето во земјава. Само преку соработка и размена на искуства можеме да постигнеме конкретни и одржливи резултати, потенцира Меџити.

Како што беше речено на работилницата, спроведувањето на твининг проектот е чекор напред на патот кон почиста и побезбедна животна средина. мч/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан