• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рабио во Марсеј

Рабио во Марсеј


Марсеј, 16 септември 2024 (МИА) – Францускиот 29-годишен фудбалски репрезентативец Адриен Рабио, кој е без клупски ангажман од почетокот на сезоната, ќе му се приклучи на својот матичен клуб Олимпик Марсеј.
„Олимпик Марсеј соопштува дека постигна договор со Адриен Рабио да му се приклучи на клубот. Играчот ќе потпише договор, откако ќе бидат извршени лекарските прегледи“, објави денеска францускиот прволигаш.
Рабио се враќа во Олимпик без обесштетување откако му истече договорот со Јувентус, за кој настапуваше последните пет сезони.
Француските медиуми пишуваат дека Рабио ќе потпише двегодишен договор со клубот од Марсеј. ег

Остани поврзан