Пјастри ја освои Големата награда на Белгија
- Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Белгија.
Спа, 27 јули 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Белгија.
Неговиот клупски колега Ландо Норис заврши на второто место, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои третото место.
Четвртото место му припадна на актуелниот четирикратен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е колега на Леклер, заврши седми.
Почетокот на трката беше одложен за 1 час и 20 минути поради дожд. зс/
Фото: ЕПА