Пјастри од пол-позицијата за спринтот во Белгија
- Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ќе стартува од пол-позицијата на спринт трката за Голема награда на Белгија во Формула 1, откако денеска беше најбрз во квалификациите.
Скопје, 25 јули 2025 (МИА) – Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ќе стартува од пол-позицијата на спринт трката за Голема награда на Белгија во Формула 1, откако денеска беше најбрз во квалификациите.
Пјастри дојде до пол-позицијата на патеката Спа со време од 1:41.510 минути и беше за 0,477 секунди побрз од актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, а за 0,68 секунди од неговиот клупски колега Ландо Норис.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше четврти, а возачот на Хас, Естебан Окон, петти.
Спринт трката е на програмата утре од 12:00 часот, а квалификациите се од 16:00 часот.
Трката за Големата награда на Белгија се вози во недела од 15 часот.ег
ФОТО: Фејсбук