• сабота, 23 ноември 2024

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино

Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино
Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино при падна површина 3, која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација што е во должина од 3700 метри, информираат од Општина Илинден. Со изградбата на пречистителната станица, нагласуваат од Општината, ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од над 300 домаќинства и стопански субјекти кои ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите во Кадино. Пречистителната станица претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите. Со инсталирањето на овој тип на пречистителни станици со нова технологија за третман на отпадните води, како што велат од Општина Илинден, ќе се придонесе за решавање на приоритетниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Кадино, а истовремено ќе се влијае во развојот на комуналната инфраструктура. сст/сп/

Остани поврзан