• петок, 19 јули 2024

Пушилин: Украинците се поактивно гаѓаат со касетна муниција во Доњецк

Пушилин: Украинците се поактивно гаѓаат со касетна муниција во Доњецк

Доњецк, 10 август 2023 (МИА) - Украинската армија почна се поактивно да ја гаѓа територијата на Доњецката Народна Република со касетна муниција, изјави денеска вршителот на должноста шеф на ДНР, Денис Пушилин.

-Непријателот се почесто користи касетна муниција, а тоа пред се го загрозува цивилното население. Во изминатите неколку дена покрај Доњецк беа гранатирани и Горловка, местата Јасиноват и Макиевка, како и Шахтјорск , град што е далеку од линијата на фронтот, рече лидерот на ДНР.

Во изминатите неколку дена делови од градот Доњецк беа погодени со оружје што е забрането во голем број земји, а смртта и ранувањето на цивилите станаа нормална ситуација, додаде Пушилин.

-Украинците немаат успех во борбите на фронтот, па затоа се „оправдуваат“ со гаѓање мирни луѓе, рече Пушилин и нагласи дека гаѓањето цивилни населби со касетна муниција нема никаква воена цел. сд/

Остани поврзан