• четврток, 21 ноември 2024

Путин се чуствува силен и способен за должноста и покрај неговата возраст

Путин се чуствува силен и способен за должноста и покрај неговата возраст

Москва, 10 јануари 2024 (МИА) - Долгогодишниот руски владетел Владимир Путин, кој во март се соочува со нови претседателски избори, денеска изјави дека се чувствува способен за должноста и покрај неговата возраст.

- Во себе чувствувам сила, енергија да работам за да ги исполнам задачите со кои се соочува земјата, изјави Путин (71) за време на посетата на регионот Чукотка, на рускиот Далечен Исток, пренесуваат руските медиуми.

Путин нагласи дека е „возрасен човек“ и додаде дека се чувствува како татко кој се радува за успехот на членовите на своето семејство.

Посетата на регионалниот центар Анадир е еден од неговите главни јавни настапи во предизборната кампања, каде тој денеска разговараше со граѓаните и откри некои детали од приватниот живот. Тој на локалните жители им кажа дека вежба два часа дневно и откри дека додека бил студент по право учел и за столар.

Во градот каде што времето е главно студено, тој посети и стакленик за производство на домати.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан