• сабота, 23 ноември 2024

Путин се појави во јавноста првпат по бунтот на Вагнер, но не кажа ниту збор за случувањата во државата

Путин се појави во јавноста првпат по бунтот на Вагнер,  но не кажа ниту збор за случувањата во државата

Москва, 26 јуни 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат и се обрати на јавноста по обидот за државен удар предводен од лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.

Претседателот се обрати пред учесниците на Меѓународниот младински индустриски форум „Инженери на иднината - 2023“ и на настанот не кажа ниту збор за последните случувања во државата.

Руските медиуми пренесоа дека претседателот на учесниците само им нагласил дека развојот и модернизацијата на индустријата останува приоритет за земјата.

-Владата ќе продолжи да го стимулира воведувањето на најновите технологии во различни индустрии, вклучително и производството на индустриска и енергетска опрема, рече претседателот. сд/

Остани поврзан