• понеделник, 23 декември 2024

Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина

Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина
Москва, 7 март 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин вечерва изјави дека нема да испраќа регрути и резервисти да се борат во Украина и оти офанзивата ја водат „професионалци“ кои извршуваат „зададени задачи“, јавија светските агенции. - Сакам да истакнам дека војниците кои отслужуваат воен рок не учествуваат и нема да учествуваат во борбите. Исто така, нема да има мобилизација на резервниот состав, рече Путин во телевизиски говор по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената. - Поставените задачи ги извршуваат само професионални војници. Сигурен сум дека тие успешно му гарантираат безбедност и мир на рускиот народ, додаде Путин. јт/

Остани поврзан