• петок, 22 ноември 2024

Путин и Ердоган разговараа за Нагорно Карабах

Путин и Ердоган разговараа за Нагорно Карабах
Москва, 27 октомври 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при што изрази загриженост за зголеменото учество на борци од Блискиот исток во конфликтот во Нагорно Карабах, соопшти Кремљ. Во соопштението се додава дека Путин и Ердоган во телефонскиот разговор дискутирале и за ситуацијата во Сирија и Либија. Во конфликтот во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население, Турција го поддржува Азербејџан. јт/

Остани поврзан