• четврток, 26 декември 2024

Путин: Испораките на оружје од Запад во Украина се „многу опасен чекор“

Путин: Испораките на оружје од Запад во Украина се „многу опасен чекор“

Санкт Петербург, 5 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека западните испораки на оружје за Украина се „многу опасен чекор“, особено ако донаторите го „контролираат“ оружјето.

„Да се ​​доставува оружје во воена зона е секогаш лошо. Уште повеќе ако оние што доставуваат не само што доставуваат оружје, туку и го контролираат. Ова е многу сериозен и многу опасен чекор“, изјави Путин.

Рускиот претседател изјави дека обвиненијата за деловна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп се политички мотивирани и според него - тоа ја „изгорело“ идејата дека Вашингтон е водечка демократија.

„Очигледно е во целиот свет дека гонењето на Трамп... е едноставно користење на судскиот систем за време на внатрешна политичка борба“, рече Путин на телевизиска средба со претставници од странските медиуми.

„Нивното наводно лидерство во сферата на демократијата изгоре до темел“, рече Путин.

Запрашан што би значело победа или за Трамп или за актуелниот американски претседател Џо Бајден за односите меѓу САД и Русија, Путин рече: „Во голема мера нема разлика“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан