• вторник, 17 декември 2024

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Путин им додели ордени на тинејџерите кои спасувале луѓе за време на нападот на Крокус

Москва, 2 мај 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол.

- За храбри и решителни дејствија при спасување луѓе во екстремни услови им се доделува орден „За спасување на жртвите“ на Артјом Александрович Донсков, Никита Михајлович Иванов, Ислам Бахтерович Халилов, се вели во одлуката објавена на официјалната веб-страница за правни информации.

Средношколците, кои хонорарно работеле како гардеробери во концертната сала, успеале да исфрлат околу стотина луѓе од зградата, а по нив преку истиот излез побегнале уште неколку стотици гледачи.

Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе.

Рускиот истражен комитет соопшти дека се уапсени 12 лица осомничени за нападот, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои биле директни извршители на терористичкиот напад.

Освен тоа, во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на терористите. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан