• петок, 22 ноември 2024

Путин го потпиша повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“

Путин го потпиша повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“
Москва, 7 јуни 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој официјално се потврдува повлекувањето на Русија од договорот „Отворено небо“, меѓународен договор што овозможува невооружени летови за набљудување над териториите на земјите потписнички. Администрацијата на Бајден во мај ја извести Москва дека нема повторно да склучи договор, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од него минатата година. Кремљ порача дека одлуката на САД да се повлечат од договорот „сериозно ја нарушила рамнотежата на интересите“ меѓу потписниците и со тоа ја принудиле и Русија да се повлече. „Ова му нанесе сериозна штета на почитувањето на договорот и неговата важност во градењето доверба и транспарентност, (предизвикувајќи) закана за националната безбедност на Русија“, соопшти Кремљ преку својата веб-страница. Москва се надеваше дека Бајден ќе ја промени одлуката на Трамп, но тоа не се случи. паг/
 

Остани поврзан