• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата

Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата

Рим, 21 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ оваа зима би можел да се пресели во Англија. 

Според „Calciomercato“, Манчестер јунајтед, Вест Хем и Ливерпул се заинтересирани за потписот на 26-годишниот Американец.

Пулишиќ оваа сезона има постигнато седум гола и пет асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

Од 2019 до 2023 година, Пулишиќ играше во Англија за Челзи. За сините од Лондон има 26 гола и 19 асистенции на 145 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан