• сабота, 16 ноември 2024

Пукнатини може да го одложат стартувањето на финскиот нуклеарен реактор Олкилуото 3

Пукнатини може да го одложат стартувањето на финскиот нуклеарен реактор Олкилуото 3
Хелсинки, 28 октомври 2022 (МИА) - Пукнатини од неколку сантиметри се пронајдени во сите четири пумпи кои го снабдуваат со вода нуклеарниот реактор Олкилуото-3 во Финска, соопшти операторот на централата. Сè уште не е јасно како тоа ќе влијае на нивното пуштање во употреба. Проблемот првпат беше пријавен на почетокот на овој месец, а стартувањето на реакторот подоцна беше одложено за 27 декември. Оштетувањето на најголемиот нуклеарен реактор во Европа може да се покаже како сериозен проблем за Финска. Операторот за пренос на електрична енергија предупреди дека е можно воведување режим на рестрикции во зима доколку „Олкилуото-3“ не биде пуштен во редовна работа. „Причината за пукнатините засега останува непозната. Ќе известиме во догледно време доколку се направат промени во распоредот за стартување на реакторот“, објави операторот на Твитер. Реакторот Олкилуото-3 се гради од 2005 година и требаше да биде пуштен во употреба уште во 2009 година, но наиде на сериозни технички проблеми кои предизвикаа сериозни доцнења и зголемени трошоци. ссм/

Остани поврзан