• сабота, 23 ноември 2024

Публикација за мотивациско градинарство претставена пред делчевските производители

Публикација за мотивациско градинарство претставена пред делчевските производители

Делчево, 3 февруари 2024 (МИА) - Здружението на производители на органски производи „Аронија“ пред земјоделците од делчевскиот регион го претстави прирачникот „Биолошка заштита и прехрана на растенијата во склад со природата“.

Публикацијата е резултат на имплементацијата на проектот „Мотивационо градинарство во склад со природата“, финансиран од ЕУ кој здружението го спроведуваше изминатите неколку месеци.

-Во рамки на проектот беше изработена публикација или прирачник со наслов „Биолошка заштита и прехрана на растенијата во склад со природата“. Во овој прирачник се собрани околу 30 препарати за заштита на растенијата со биолошки средства за заштита и на земјоделците ќе им помогне да ги намалат своите трошоци, да не купуваат хемиски препарати за заштита, да ги искористуваат природните ресурси за заштита на нивните растенија и овоштарници, истакна Фиданчо Христов, координатор на проектот.

Проектот, кој почна со имплементација во јули 2023 година, официјално ќе заврши кон крајот на февруари 2024.

-Со проектот се обучија околу 30 сопственици на зелени имоти кои во иднина ќе произведуваат храна со методите на пермакултура, додаде Христов.

Со придобивките од проектот кои се вметнати во самата публикација денес се запознаа и дел од производителите на Градскиот пазар во Делчево. Публикацијата е изготвена како дел од поддршката на ЕУ проектот „Овозможувачка средина и отпорност на граѓанските организации“. вс/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан