• петок, 22 ноември 2024

ПСЖ го затвори тренинг центарот поради коронавирус

ПСЖ го затвори тренинг центарот поради коронавирус
Париз, 17 март 2021 (МИА) – Францускиот фудбалски клуб Пари Сен-Жермен (ПСЖ) го затвори денеска тренинг центарот на својата академија поради коронавирус. Клубот од Париз соопшти дека тренинг центарот ќе биде затворен до понеделник како мерка на претпазливост, откако по спроведените тестирања биле откриени неколку позитивни случаи на Ковид-19 во женскиот тим. Нови тестирања ќе бидат извршени в петок. Француските медиуми јавија дека заразени со коронавирус се неколку фудбалерки на ПСЖ, наведувајќи дека целиот тим е во задолжителен карантин и не отпатувал за Чешка на реванш осминафиналниот натпревар против Спарта во рамки на Лигата на шампиони. Францускиот клуб го доби првиот натпревар со 5:0 и ќе обезбеди пласман понатаму дури и во случај УЕФА да го регистрира возвратниот натпревар со службена победа за Спарта од 3:0. Конечната одлука УЕФА ќе ја донесе дополнително. ег/

Остани поврзан