• вторник, 05 ноември 2024

Псаки: Треба истрага за обвинувањата против Куомо за сексуално вознемирување

Псаки: Треба истрага за обвинувањата против Куомо за сексуално вознемирување
Вашингтон, 28 февруари 2021 (МИА) - Администрацијата на Џо Бајден смета дека треба да се спроведе независна истрага за наводите за сексуално вознемирување против гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Две поранешни соработнички на Куомо, Шарлот Бенет и Линзи Бојлан, претходно рекоа дека биле сексуално малтретирани од гувернерот. Самиот Куомо категорично го негира тоа, пренесува Си Ен Ен. - Потребна е независна истрага за овие наводи, рече Псаки. Таа појасни дека американскиот претседател Џо Бајден ја поддржува ваквата истрага, која треба да се спроведе „што е можно побрзо“. Шарлот Бенет вчера го обвини Куомо за сексуално вознемирување. Според Бенет, Куомо упорно ја прашувал за нејзиниот личен живот, како и што мисли за врски со постари мажи. Тој, наводно, рекол дека смета дека е прифатливо да има односи со жени на нејзина возраст. Во декември, друга поранешна подредена во Куомо, Линзи Бојлан, изнесе слични обвинувања. Според нејзината верзија, однесувањето на нејзиниот шеф ја принудило да замине. Бојлан служеше со гувернерот од 2015 до 2018 година. Куомо негира дека се однесувал несоодветно. ссм/

Остани поврзан