• петок, 22 ноември 2024

Псаки: САД го задржуваат правото да го санкционираат Бин Салман

Псаки: САД го задржуваат правото да го санкционираат Бин Салман
Вашингтон, 1 март 2о21 (МИА) - САД го задржуваат правото, доколку е потребно, во иднина да го санкционираат саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман за неговата поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. -Секако дека го задржуваме правото да преземеме какви било активности во време и на начин што ќе го избереме, рече Псаки на редовниот брифинг во Белата куќа. Таа додаде дека, историски гледано, САД под раководството и на демократските и на републиканските претседатели генерално не ги санкционирале лидерите на земјите со кои имаат дипломатски односи. Американскиот претседател Џо Бајден во саботата изјави дека неговата администрација во понеделник ќе лиферува изјава за Саудиска Арабија, по извештајот на американските разузнавачки служби со кој се утврдува дека престолонаследникот Бин Салман го одобрил убиството на Кашоги. Истражителката на ОН за човекови права, Агнес Каламар, претходно денеска изјави дека за САД е „крајно опасно“  де факто владетелот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, да го прогласат за лице кое ја наредило операцијата за фаќање или убиство на Кашоги, без да преземат ништо против него. Таа во петокот го повтори апелот за воведување санкции против имотот на Бин Салман.сд/

Остани поврзан