• недела, 22 декември 2024

Проштална средба на амбасадорот Марковски со албанскиот претседател Бегај

Проштална средба на амбасадорот Марковски со албанскиот претседател Бегај

Дебар, 19 ноември 2024 (МИА) - Во претседателската резиденција во Тирана се одржа проштална средба на амбасадорот Данчо Марковски со шефот на албанската држава Бајрам Бегај, објави македонската Амбасада.

Како што информираат од Амбасадата, двајцата соговорници искажале задоволство и  благодарност за взаемната добра соработка, со желби истата да продолжи и понатаму меѓу двете институции.

Средбата била искористена и за размена на мислења околу билатералните односи, соработката и перспективи меѓу двете земји.

Деновиве Марковски во албанското Министерство за Европа и надворешни работи имаше проштална средба со министерот Игли Хасани. 

Била констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, посебно во делот меѓуресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес. 

Двајцата соговорници ја истакнале потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот. 

Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Албанија, Марковски е од 2020 година. вт/дма/


Фото: Амбасада на РСМ 

Остани поврзан